
По декласирањето од градскиот ривал Фулам од 4-1 пред три дена, КПР избори важна победа во тринаесеттото коло.
Имено, на домашен терен, ,,Ренџерите” од Лондон го поразија Блекбурн со 1-0.
Фудбалерите на КПР играа подобро во текот на цел натпревар, а нивната супериорност ја круниса Илијас Шер (83′) со својот петти овосезонски погодок.
За Блекбурн, ова беше трет лигашки пораз на последните четири средби, кој го спушти на единаесеттата позиција на табелата.
Од друга страна, со третиот триумф во последните четири кола, КПР се врати во плејоф-зоната на петтото место.



