Во текот на претстојниот викенд ќе биде одржана една од последните три трки во МотоГП сезоната.
Истата ќе биде за големата награда на Емилија Ромања и ќе се вози во Мизано.
Во моментот се достапни максимални 75 поени за освојување, а Фабио Квартараро го зазема првото место во генералниот поредок со 52 бодови предност пред Франческо Бањаја.
За Французинот да ја завери својата прва ,,кралска” титула во кариерата уште во Мизано, потребно ќе биде да се случи барем едно од наредните шест сценарија:
- Квартараро да заврши пред Бањаја
- Бањаја да не освои поени
- Бањаја да заврши на 14. место или подолу
- Квартараро да биде најмалку петти, а Бањаја да нема подиум
- Квартараро да биде најмалку шести, а Бањаја да не биде во првите четворица
- Квартараро да биде седми или послаб, а Бањаја да не биде повеќе од две позиции пред него