Српскиот тренисер Новак Ѓоковиќ и дефинитивно ќе ја заврши годината како број еден на АТП-листата и тоа шести пат во својата богата кариера, со што уште еднаш влезе во историјата на тенисот изедначувајќи го рекордот на својот идол, Пит Сампрас.
Единствен кој можеше да му го загрози првото место на ранкинг-листата беше Рафаел Надал и тоа само ако триумфираше на турнирот во Софија, на кој тој воопшто не се пријави за настап.Тоа автоматски значеше осигурување на лидерската позиција на популарниот Ноле и испишување на уште едно историско остварување.



