Во рамките на 11 коло од Прва ЖФЛ се одигра дербито на колото во кое што се соочија ЖФК Каменица Саса и опонентот ЖФК Скопје. Во фер и коректен натпревар до супер важни три бода стигнаа ЖФК Каменица со триумфот од 3:0. Со новите бодови, сега тие се на врвот на табелата со 30 бода, пред второпласираните ЖФК Ас Јунајтед од Струга со 28 бода.



