Денеска од 15.00 часот на Роланд Гарос во финалето за титулата ќе се судрат големите ривали Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Ѓоковиќ во меѓусебните дуели води со 29 победи, додека Надал се радувал 26 пати, но денешниот дуел ќе биде најважен досега.
Доколку триумфира Надал, тој ќе се израмни со Рожер Федерер по бројот на Грен слем титули и двајцата ќе имаат по 20, но пет години помладиот Шпанец ќе добие реална шанса да го престигне Швајцарецот. Доколку победи Ѓоковиќ, тогаш ќе дојде до бројката од 18. Грен слем титули и би бил на само една од Надал и две од Федерер на вечната листа.



