Порто на крилата на својот голман Никола Митревски кој е во животна форма ја оствари шестата победа во првенството во исто толку натпревари. Мадеира е совладана на нејзин терен со резултат од 22:29 каде што за едно полувреме Митревски имаше фантастични 11 одбрани. Двајцата голмани на Порто имаат поделена минутажа и затоа често знае тренерот да им додели само по едно полувреме на располагање.