Норвежанецот има договор до 2022 година, но после слабиот старт на сезоната Јунајтед сериозно размислува за тренерска смена. Солскјер има клаузула според која клубот ќе треба да му плати компензација од 4 милиони фунти во случај на отказ, а Јунајтед е спремен да ја плати таа сума.
После шокантниот пораз од Тотенхем, раководството на Манчестер Јунајтед веќе му подготвува отказ на Солскјер, а во моментов водат интензивни преговори со Маурисио Покетино.
Аргентинецот Покетино има големо искуство во Премиер лигата каде работеше во Саутемптон, а потоа и во Тотенхем. Норвешкиот стратег на клупата на Ѓаволите има ултиматум ако заработи уште неколку порази да се активира идејата за негова смена.



