Македонската Дејвис куп репрезентација избори промоција во Втората Светска група од Дејвис купот откако денеска во Кишињев во дуелот за третото место ја победи Црна Гора со 2-1.
Решавачкиот поен македонските тенисери го освоија во играта на двојки каде Калин Ивановски и Олег Приходко ги победија Петар Јовановиќ и Алекса Кривокапиќ со 2-0 во сетови (7:6(4) и 6:2).
Претходно во првиот сингл меч Ивановски го победи Срѓан Кнежевиќ со 2-0 во сетови (6:2 и 6:4), додека Олег Приходко загуби од Петар Јовановиќ со 2-0 (6:4 7:5).




