Втора победа во низа за машката репрезентација на Македонија во годинешното издание од Европската лига. На првиот меч во Глифада, нашите најдобри одбојкари со 3:0 (25:21, 25:23, 25:19) го победија Исланд .
Македонија ја оправда фаворитската улога на овој дуел, диктираше темпо во текот на трите сета, но и си дозволуваше да се опушти во завршниците.
Капитенот Никола Ѓоргиев беше најефикасен со 24 поени, следен од Лука Костиќ со 10. Средните блокери Маџунков и Савовски постигнаа по осум, односно седум поени.
Македонија денес ќе се соочи со домаќинот Грција.




