Македонскиот спорт доби нов херој. Каратистот Вукашин Јовановиќ испиша историја освојувајќи го златниот медал на Светското универзитетско сениорско првенство во карате, кое се одржува во Бразил.
Јовановиќ, настапувајќи во категоријата до 67 килограми, со извонредни борби и шампионски карактер успеа да се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал и да ѝ го донесе на Македонија едно од најзначајните одличја во универзитетскиот спорт.
На патот до светската титула, македонскиот репрезентативец ги совлада своите противници со сигурност и самодоверба, а во решавачките моменти покажа квалитет, дисциплина и победнички менталитет. Со овој успех, тој стана првиот македонски каратист што ја освоил титулата светски универзитетски сениорски шампион во својата категорија.




