
Третото коло од новата НФЛ сезона беше затворено со триумфот на Далас Каубојс над дивизиските ривали, Њујорк Џајантс, со 16-23.
Првото полувреме помина со водство на Далас од 3-6, откако двата шутери, Греам Гено и Брет Махер погодија по еден, односно по два филд-голови со по еден промашај и на двете страни.
Домаќините ја започнаа втората половина со серија од 10-0, но до крајот, ,,Каубоите” поврзаа седумнаесет поени и дојдоа до триумф.
За Џајантс, единствениот тачдаун го постигна Саквон Баркли со трчање, а квотербекот Даниел Џонс имаше еден пресечен пас и 20/37 прецизни додавања за 196 јарди.
На спротивната страна, резервниот квотербек, Купер Раш, имаше учинок од 21/31 обиди за пас со 215 јарди за негов втор триумф во 2022.
Од играчите, топката во енд-зоната ја внесоа Езекиел Елиот и Сиди Лемб со спектакуларното фаќање.
За Џајантс, ова беше прв овосезонски пораз, доволен за двете екипи да се израмнат со уште пет ривали со учинок од 2-1.




