
Првиот натпревар од денешната КХЛ програма беше првото овосезонско ,,Зелено дерби”.
Во него, АК Барс Казањ, како гостин, го совлада составот на Салават Јулаев Уфа со 0-3.
Победниците постигнаа два пауер-плеј погодоци преку Кирил Петров и еден гол од игра 5х5 на Дмитри Кагарлицки за да дојдат до конечниот резултат.
Нивниот голман, Амир Мифтахов, имаше 29/29 одбранети противнички удари за освојување на првиот шут-аут во КХЛ после две сезони.
Со седмиот овосезонски триумф, АК Барс изби на третото место во Источната конференција, потиснувајќи го Салават на петтата позиција.