Со синоќешната победа од 3-2 после дополнителен ининг, Торонто Блу Џејс ја прекинаа серијата од седум триумфи на Њујорк Јенкис.
После првите два периоди, Јенкис водеа со 0-2 со поените на Арон Џаџ и на Ајзеа Кинер-Фалефа.
Во четвртиот дел, по ударот на Теоскар Хернандез, Бо Бишет и Владимир Гереро Џуниор израмнија на 2-2, а во продолжението, четири бази освои Каван Биџо.
За претставниците на Канада, солидна партија одигра и стартниот фрлач, Кевин Гаусман, со седум страјк-аути.
Во Американската лига, Јенкис (94-59) го држат второто, а Блу Џејс (87-67) скокнаа на третото место.