
Во вториот саботен меч од последното коло на регуларната НФЛ сезона, Далас Каубојс славеа над Филаделфија Иглс со 26-51.
Имено, овој резултат претставува вкупно 1072. ,,скоригами”, односно резултат, кој не се случил никогаш претходно во историјата.
Иглс први поведоа на мечот и се држеа на изедначени 17-17 во средината на вториот период, но Далас ја презеде иницијативата пред крајот на првото полувреме и стекна предност, која не ја испушти до самиот крај.
Од победничките редови, квотербекот Дак Прескот уфрли 295 јарди од 21/27 комплетирања и пет тачдауни.
По еден тачдаун со трчање имаа ЏаКвон Харди и Ајто Смит, додека топките на Прескот ги фатија Седрик Вилсон (х2), Далтон Шулц (х2) и Кори Клемент.
Кај ,,Орлите”, топката во противничката енд-зона ја внесоа Кенет Гејнвел, Квез Воткинс и Тајри Џексон, а квотербекот Гарднер Миншу уфрли два тачдауни, едно пресечено додавање и 186 јарди од 19/33 обиди.
Во моментот, Далас (12-5) го држи четвртото, а Филаделфија (9-8) – седмото место во НФК, но двете екипи имаат шанса за напредок од една позиција, доколку вечерва загубат ЛА Ремс и Сан Франциско 49ерс.
Во соработка со НФЛ Македонија




