За првпат после две години на меѓусебните дуели во КХЛ, Сибир Новосибирск запиша победа на гостински терен против Амур Хабаровск.
Имено, во првиот натпревар од денешната КХЛ програма, претставниците на Новосибирск ги надиграа ,,Тигрите” со минимални 0-1.
Амур беше подобар тим во текот на поголемиот дел од натпреварот, но гостинскиот голман, Хари Сатери, ги одбрани сите 35 шутеви за првиот шут-аут во 2022.
Сибир доминираше само во првата третина, кога воедно дојде и до почетното водство, кое се испостави како конечен резултат.
Од вкупните 16 шутеви на гостите во првите дваесет минути игра, единствен што успеа да го совлада голманот Јевгени Аликин беше Никита Сетдиков во седмата минута.
И покрај победата, Сибир остана на шестото место во Источната конференција, додека Амур е деветти, но испушти голема шанса за влез во плејоф-зоната.