Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа на Фјучерс ИТФ турнирот во Трнава,Словачка кој наградниот фонд изнесува 25.000 долари со доминатна игра и за помалку од еден час ја совлада русинката Влада Ковал со 2:0 по сетови (6:3 и 6:3).
Руската 18-годишна тенисерка не беше достоен ривал за Ѓорческа која што обезбеди финале и ќе игра повторно со руска преставничка, а во прашање е Софија Лансере.