понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна ИНТЕРВЈУ

Стеван Стевановиќ – Македонците може да бидат горди на тоа што го направи Вардар сите овие години

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
мај 1, 2019
📁 ИНТЕРВЈУ
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Од каде љубовта на Стеван спрема спортот и воопшто спрема ракометот?

Јас сум во ракометот од 9 годишна возраст поточно од 1991 година кога почнав да го тренирам овој спорт. Бев многу талентиран како дете па во ракометниот клуб “Црвена Звезда” бев од 1998 до 2004 година. Но за жал имав тешка повреда на шутерската десна рака, на која трипати ми излезе рамото, па после операцијата сватив дека неможам да играм на врвно ниво кое го бара да речеме Лигата на Шампионите па одлучив да се посветам на учењето и завршив Економски факултет.

 

Колку време си спортски коментатор и како дојде до соработка со ТВ Арена Спорт?

Девет години сум коментатор на Арена Спорт. Се започна сосем случајно седејќи во кафич со колега од факултет кој работеше на Арена Спорт уште од нејзиното основање по Универзијадата во Белград во 2009 година. Ме повика бидејќи имаа дефицит на ракометни коментатори, помисли дека можам да бидам добар во таа работа, па веднаш ми закажа разговор со главниот менаџер во тој момент. Одма влегов во пренос заедно со уште еден коментатор, им се допадна мојата боја на гласот, им се допадна тоа што го познавам ракометот. Права шанса добив од сезоната 2010/2011 кога стигна и мојот колега Сретен Рашковиќ. Заедно со него веќе во јануари 2011 година го работевме СП во Шведскa. Тоа ни беше практично голем тест кој изгледа добро го положивме за кој добивме пофалби и од постарите колеги кои долго работеа на телевизија. Од таа година од тоа првeнство ние бевме практично одредени за ракомет кој почна се повеќе на развива и на нашата телевизија. Работевме и Бундес лига и АСОБАЛ лига и Лига на Шампиони, па СЕХА лига. Годинава наместо Шпанско првенство кое опадна со квалитет го пренесуваме Француското првенство заедно со останатите лиги. Сретен и јас станавме препознатливи, а се кулминира со утакмицата помеѓу Вардар и ПИК Сегед кое на наше задоволство заврши со голема победа на Вардар.

За Македонците ракометот е спорт број еден. После натпреварот помеѓу Вардар и ПИК Сегед ти стана многу популарен кај нас првенствено заради твојата страст, емоции и професионализам со кои го коментираше тој натпревар. Неколку дена покасно кога легнаа впечатоците како го доживеа тој меч ? 

Па после натпреварот помеѓу Вардар и ПИК Сегед мене буквално ми се “Запали” фејсбукот, со понуди за пријателство, многу пораки од македонски ракометни фанови…Буквално бев изненаден со какви емоции, со какво задоволство луѓето во Македонија тоа го доживеаја. После тоа кога легнаа емоциите, кога го прегледав натпреварот во реприза сфатив дека сум направил добра работа и на професионално ниво и на емотивно ниво затоа што тоа беше историски меч. И драго ми е што бев свесен за тој момент и што утакмицата буквално ме носеше од првиот до последниот момент и што тие момци и таа публика во салата влијаеја и на мене.

Што мислиш за ракометот на Балканот, мислиш ли дека СЕХА лигата може да расте уште повеќе и еден ден да биде рамо до рамо со Бундес лигата или Француската лига кои во моментов се најјаки лиги во Европа ? 

СЕХА Гаспром лигата сериозно се развива од година во година. Јас бев на последниот Фајнл-фор во Брест, на претпоследниот во Скопје…Тие завршни турнири се многу добро организирани, привлекуваат многу внимание и тука се обично секогаш четирите најквалитетни тимови. Посебно СЕХА лигата е добра за оние помали тимови кои не играа Лига на Шампиони како Динамо Панчево, Војводина и други …за кои оваа лига е можност нивните млади играчи да играат против поквалитетни противници со што тие млади ракометари може да напредуваат од година во година се повеќе. Мал проблем е веројатно што некои од тимовите во исто време игра на три фронта како Лига на Шампиони, домашно првенство и СЕХА лига. Па поради тоа на пример годинава Мешков Брест на некои мечеви доаѓаше да игра и со трета постава. Треба да се најде некој баланс во календарот на натпревари како на пример Вардар не би морал да игра против некоја трета постава на Мешков или обратно. Ќе видиме наредната година како ќе изгледа СЕХА со тимот на Универтитетот од Кина и Веспрем кој се враќа во оваа лига, кои му се амбициите. СЕХА е секако добар проект, но мора да пронајде некој такмичарски дух како во АБА лигата која на шампионот му обезбедува место во Евролигата.

Што ќе им порачаш за крај на нашите читатели и љубителите на ракометот во Македонија и на Балканот ? 

На читателите на www.javisejuzna.mk и на сите во Македонија можам да им порачам дека може да бидат горди на се она што направи Вардар сите овие години. Сите ракометари кои играат за Вардар ја препознаа љубовта и силата на Македонските навивачи и на професионален начин долу на теренот оставија срце и го покажаа она што го знаат најдобро, а тоа е да играат ракомет. Благодарение на публиката која им ја пренесе таа позитивна енергија од трибините долу на теренот успеаја да извлечат максимум од себе и за оние 12 минути кои ги видовме во арената “Jане Сандански” против ПИК Сегед покажаа што значи една сила на тимот, на еден колектив во земја во која народот го обожава ракометот, а на која треба да се огледаат сите земји во регионот. Пред се тука мислам на мојата земја Србија која пред триесет години ја имаше една Металопластика и владееше во Европа од која учеа сите како се игра ракомет, а денес не заминаа сите држави и Франција и Скандинавците и многу други. Мора да почне да се работи се посериозно, да се вложува и да се тренира напорно во сите категории, да почнат повеќе деца да се занимаваат со ракомет за да би се створил еден Европски тим како што е Вардар. Би порачал сите кои може да помогнат да се вклучат во  Иницијативата за спас како би продолжил Вардар  да живее на ова ниво кое што е денес.  Голем поздрав до цела Македонија од  Стеван Стевановиќ.

ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Плоче-плажа која ги нуди најдобрите забави во Црна Гора

Следна вест

(Видео) Македонски навивач го сними ремек-делото на Меси од слободен удар

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Лео Созовски: За успех во одреден спорт потребна е напорна работа, се надевам еден ден ќе ги бранам боите на Македонија
ИНТЕРВЈУ

Лео Созовски: За успех во одреден спорт потребна е напорна работа, се надевам еден ден ќе ги бранам боите на Македонија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
07/Ное/2024
Стефан Мечкароски – Кондициски и фитнес тренер на фудбалскиот шампион Струга ТЛ
ИНТЕРВЈУ

Стефан Мечкароски – Кондициски и фитнес тренер на фудбалскиот шампион Струга ТЛ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Окт/2023
Никола Кутаноски: Со максимална работа во минимални услови ние создаваме Шампиони
ИНТЕРВЈУ

Никола Кутаноски: Со максимална работа во минимални услови ние создаваме Шампиони

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Јул/2023
Ана Петроска: Љубовта која ја чувствувам према Струга ja споделувам преку моите фотографии (ГАЛЕРИЈА)
ГАЛЕРИИ

Ана Петроска: Љубовта која ја чувствувам према Струга ja споделувам преку моите фотографии (ГАЛЕРИЈА)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Јун/2023
Следна вест

(Видео) Македонски навивач го сними ремек-делото на Меси од слободен удар

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.