Организаторите на Роланд Гарос излегоа со соопшение дека овогодинешното издание на турнирот ќе биде со награден фонд од 42.6 милиони евра или за 8 % повеќе од минатата сезона. Во женска и во машка конкуренција ќе заработат по 2.3 милиони евра, што е за 4.5 % повеќе од минатото издание.
Финалистите ќе добијат по 1.18 милиони евра, што е зголемување за 5.36 %. Најголемо зголемување од дури 15 %, односно 46.000 илјади евра ќе добијат тенисерите кои ќе се пласираат во прво коло, тенисерите кој пак ќе ги завршат квалификациите во трето коло и не се пласираат во главниот дел од турнирот ќе заработат 24.000 илјади евра, односно 14.29 % повеќе од минатата година.
Победниците во парови во машка и во женска конкуренција ќе заработат 580.000 илјади евра, а финалистите 290.000 илјади евра, што е за 3.5 % повеќе во однос на минатото издание на Роланд Гарос.



