Чилеанскиот напаѓач Алексис Санчез не му ,,цветаат рози” по трансферот во Манчестер Јунајтед. Санчез го напушти Арсенал и премина на ,,Олд Трафорд” со надеж дека ќе се бори за титули, но или е повреден, а кога игра не ги прикажува перфомансите кои се очекуваат од него и постојано е критикуван.
,,Морам да признаам дека очекував многу повеќе, прилагодувањето е многу потешко отколку што очекував, но се надевам дека се ќе дојде на свое место. Луѓето околу мене ми кажуваат да се опуштам и така ќе дојдам до мојата форма. Јас од себе имам големи очекувања и амбиции и така е и овој пат” – изјави Алексис Санчез.



