Според објавеното истражување на Европската статистичка служба – Евростат најскапа меѓу 37 земји во Европа е Исланд со индекс 166, додека најевтина е Турција со индекс 43. Нашата земја е исто така помеѓу најевтините земји со индекс 48.
Цените во таа земја минатата година биле дури 56 отсто повисоки од европскиот просек. Втора на листата е Швајцарија, а трета Норвешка. Колку за споредба пица во исландски ресторан чини околу 17 евра, чаша вино околу 10 евра, а пиво 7 евра.



