Барбадос е најисточниот остров од Малите Антили. Барбадос воглавно е рамен остров и највисока точка е врвот Хилаби со 340 метри надморска височина. Вкупната површина на Барбадос е 431 километар квадратен каде живеат околу 284,589 жители. Главен град на земјата е Бриџтаун, кој воедно е и најголем центар. Климата на островот е тропска со дождлив период од јуни до октомври.

Вкупната километража на брегот на Барбадос е 97 км. Како дел од природните ресурси, Барбадос располага со петролеум, риба и природен гас. Поради самата позиција во тропскиот појас, Барбадос често е жртва на урагани, кои создаваат поголеми или помали штети на локалното население. Егзотичната локација на Барбадос, го прави една од најомилените дестинации на Карибите.