Островот Корчула е еден од најубавите и најзелени острови во Хрватска. Има идеална положба во средна Далмација во близина на полуостровот Пељешац. Корчула зафаќа површина од 279 км2 и има 16 000 жители. Главен град e Корчула. Други градови на островот Корчула се: Блато, Вела Лука, места во внатрешноста: Жрново, Пупнат, Смоквица, Чара и други. Највисоките врвови се Клупца (568m) и Ком (510m). Климата е блага медитеранска. Просечна температура во јануари е 9.8 °C, а просечна температура во јули е 26.9 °C.