Во селцето Монти ди Сциага локалните власти во италијанскиот кантон Тицино во Швајцарија продаваат куќи за само еден франк. На располагање се девет куќи од камен. Купувачите по заклучување на договорот се должни да ги реновираат објектите по сите тамошни прописи. Куќите се наоѓаат во прекрасно опкружување со поглед на езерото Маџоре.



