Како се подготвува и потребни состојки:
900 гр исчистена тиква
400 гр брашно
250 гр путер
3 јајца
200 гр шеќер
200 гр павлака за готвење
1/2 кесичка цимет
1/2 кесичка ванилин шеќер
сол на врв од лажичка
Подготовка:
1.Во брашното додајте го путерот и месете со прстите додека не се направи ронливо брашното. Потоа додадете 1 јајце и замесете тесто. Тестото завиткајте го во фолија и оставете го да отстои во фрижидер еден час.
2.Исчистената тиква исечете ја на коцки и динстајте ја со малку вода додека не омекне.
3.Тестото развлечете го и ставете го во калап во кој ќе печете. Калапот намрсете го и набрашнете го, па со тестото покријте го дното и ѕидовите на калапот. Печете во загреана рерна 15 минути на 180 степени.
4.Издинстаната тиква изблендирајте ја и додадете во неа две жолчки и промешајте. Потоа додадете ја павлаката за готвење и повторнo промешајте.
5.Двете белки изматете ги со солта на врв од лажичка. Во текот на матењето додадете ги шеќерот, ванилиниот шеќер и циметот и мешајте. Потоа белките измешајте ги со тиквата.
6.Оваа смеса истурете ја врз изладеното тесто и печете во загреана рерна 50 – 60 минути на 180 степени.
Изладената пита може да ја послужите по желба со шлаг или шеќер во прав.
Добар апетит.