Екипата на Морекамб е во сериозна резултатска криза и е пласирана на последното место во четвртата англиска лига. После поразот од Стивениџ претходниот викенд, нивниот тренер, Џим Бентли, си поднесе неочекувана оставка. Овој чин предизвика шок во Морекамб бидејќи Бентли беше дел од клубот цели 17 години. Во 2002 пристигнал во клубот како играч, а од 2011 е тренер на истата екипа. По заминувањето на Пол Тисдејл од Ексетер, Бентли беше тренерот со најдолг стаж во еден тим во првите четири англиски лиги.
„Не можеме да му се заблагодариме доволно [на Бентли] за неговиот придонес во клубот низ годините и ќе кажеме дека секогаш ќе биде добредојден на „Глоуб Арена”. Името на Џим е синоним за Морекамб и тој секогаш во срцето ги имаше најдобрите интереси на клубот, играјќи и тренирајќи со голема гордост, чест и интегритет и тој замина со најдобри желби за секој што е дел од клубот.”
Само неколку часа по заминувањето од Морекамб, Бентли беше претставен како нов тренер на Фајлд – клуб од петтата англиска лига.



