По синоќешните дуели од продолжението на 1/8 финалето поблиску и чекор до наредна 1/4 финална фаза се два нови тима и тоа Реал Мадрид кој оствари важна гостинска победа над Ајакс од 1:2 и високата домашна победа на Тотенхем над Борусија Дортмунд од 3:0.
Во Амстердам на стадионот ,,Јохан Кројф” ,,кралевите” на искуство и спортска среќа беа подобриот тим и победија со минимални 1:2 каде што по еден час игра Карим Бензема го отвори резултатот со водство од 0:1, за да во 75. минута Зиех на асистенција на Нереш го израмни резултатот на 1:1, а триумфот го донесе резервистот Асенсио со гол за 1:2 во 87 минута.
Видео: Ајакс 0 – 1 Реал Мадрид стрелец Бензема
Видео: Ајакс 1 – 1 Реал Мадрид стрелец Зиех
Видео: Ајакс 1 – 2 Реал Мадрид стрелец Асенсио
На ,,Вембли” во Англија Тотенхем го нагости тимот на Борусија Дортмунд и целосно го надигра посебно во вториот дел кога и паднаа сите голови на мечот. Во водство домаќините ги доведе уште на стартот на второто полувреме Сон Мин во 47. минута кога на најдобар начин го искористи прецизниот центаршут на Вертонген за 1:0.
За дуплирање на водството се чекаше финишот на натпреварот, односно во 80. минута кога одличната игра со гол ја круниса Вертонген кој го одигра најквалитетниот меч сезонава во дресот на Тотенхем.
Победата на 3:0 ја завери резервистот Љоренте кој влезе во игра во 84. минута и во 86. минута со првиот негов допир на топката кој значеше водство од 3:0 резултат кој ги носи чекор поблиску до пласман во 1/4 финале.
Видео: Тотенхем 1 – 0 Борусија Дортмунд стрелец Сон Мин
Видео: Тотенхем 2 – 0 Борусија Дортмунд стрелец Вертонген
Видео: Тотенхем 3 – 0 Борусија Дортмунд стрелец Љоренте



