Нов скандал ја потресе грчката кошарка. Кошаркарите на Олимпијакос не излегоа на паркет во второто полувреме во ,,Оака Арена” против Панатинаикос од револт поради лошото судење во првото полувреме во кое што губеја со резултат од 40:25.
После прекинот со своја изјава излезе генералниот менаџер на Олимпијакос, Христос Ставропулос: ,,Згрозени сме. Не смееме да учествуваме во оваа фарса. Не можеме веќе да поднесеме, спортските власти треба нешто да превземат” – заврши Ставропулос.
Со свое видување и реакција излезе и Панатинаикос, а во нивно име со изјава за јавноста се појави Димитри Јанакопулос првиот човек на ,,зелените”: ,,Тоа веќе беше испланирано да се случи. Изгледа дека не можат веќе да ги плаќаат своите кошаркари и затоа го фрлија пешкирот и кажаа дека не ги сакаат судиите. Можеби семејството Ангелопулос сака да го напушти Олимпијaкос и затоа не обвинуваат нас и судиите. Ова е неприфатливо. Изгубиш или победиш на терен треба да си достоинствен” – кажа на крај Јанакопулос.



