Нокаут фазата во Лига Европа прв со настап ја отвори Елиф Елмас со Фенербахче каде што на домашен терен дојде до минимална победа од 1:0 над руски Зенит, а својот пат кон наредна фаза ќе го бараат Стефан Ристовски со својот Спортинг Лисабон кој имаат двомеч со шпански Вилјареал и Аријан Адеми во улога на капитен и лидер на Динамо Загреб ќе се соочат против Викторија Плзен од Чешка.
Во Лисабон од 21.00 часот домашниот состав има тежок ривал во името на Вилјареал, а за домашниот тим се очекува стандардно во првиот тим и на десната бековска позиција да настапи Стефан Ристовски. Двете екипи влегуваат во двомеч од 1/16 финалната фаза со лоша форма и повреди на стандардните првотимци.
Спортинг Лисабон во домашниот шампионат го губи чекорот по шампионската титула од Порто и Бенфика, а освен тоа повредени им се Матју, Нани и Батаглија кој се важен дел од тимот, додека кај шпанците уште полоша е ситуацијата затоа што се во долниот дел на табелата и до крај на сезона ќе водат грчевита битка за опстанокот, а за првиот меч против Спортинг поради црвен картон не можат да сметаат на Коста. Шансите се подеднакви на двете екипи.
Во Чешка домашниот тим на Викторија Плзен ги пречекуваат шампионот на Хрватска Динамо Загреб чиј капитен и предводкник е македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. Патот на двете екипи до оваа фаза е различен, затоа што Динамо Загреб во групната фаза од Лига Европа заврши без пораз во 6 одиграни кола каде што победи на 4 натпревари и на два пати извлече реми, додека Плзен играше во групата на Лига шампиони каде што заврши на третата позиција со 7 освоени бода исто колку и четвртопласираната Цска Москва, но поради подобриот меѓусебен дуел ја доби оваа можност да заигра во нокаут фазата на Лига Европа. Во останатите парови ќе се соочаат:
| 18:55 | Бате Борисов | – | Арсенал | |||||
| 18:55 | Галатасарај | – | Бенфика | |||||
| 18:55 | Краснодар | – | Баер Леверкузен | |||||
| 18:55 | Лацио | – | Севилја | |||||
| 18:55 | Олимпијакос | – | Динамо Киев | |||||
| 18:55 | Рапид Виена | – | Интер | |||||
| 18:55 | Рен | – | Реал Бетис | |||||
| 18:55 | Славија Прага | – | Генк | |||||
| 21:00 | Селтик | – | Валенсија | |||||
| 21:00 | Клуб Бриж | – | Ред Бул Салзбург | |||||
| 21:00 | Малме | – | Челзи | |||||
| 21:00 | Викторија Плзен | – | Динамо Загреб | |||||
| 21:00 | Шахтјор Доњецк | – | Ајнтрахт Франкфурт | |||||
| 21:00 | Спортинг Лисабон | – | Вилјареал | |||||
| 21:00 | Цирих | – | Наполи |



