вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна ИНТЕРВЈУ

Мартин Ивановски – Најдобриот среден бек од последниот младински фајнл-фор

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
април 2, 2019
📁 ИНТЕРВЈУ
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Мартин Ивановски е млад и перспективен среден бек кој игра за тимот на РК Охрид 2013. Пред неколку дена со младинскиот тим на Охрид стигна до титулата младински вице-првак, а тој лично влезе во АLL STAR тимот на турнирот и се закити со наградата најдобар среден бек. Има добиено повик и за кадетската репрезентација на Македонија на подготвителни натпревари. Прочитајте го екслузивното интервју на www.javisejuzna.mk и запознајте го овој млад ракометар.

ALL STAR тим младинци (фото: Михаил Постоловски)

JAВИ СЕ ЈУЖНА: На колку години започна со ракомет и од каде љубовта за ракометот?
Започнав со ракомет на 11 годишна воздраст. Пред тоа ги пробав скоро сите спортови, но на никој од нив не можев да се задржам подолго од 2 месеци. Тогаш ракометот во Охрид не беше развиен како денес и постоеше само една година. Инспириран од нашиот бивш репрезентативец Наумче Мојсоски гледајќи го на телевизија започнав да тренирам во охридската школа. Одржав само еден тренинг во школата и веќе другиот ден имавме пријателска утакмица со Струга. Реков дека сакам да играм среден и лев бек како Мојсоски. Бев 3-та постава и на првата утакмица со само еден тренинг постигнав 7 гола од 7 шута. Гледајќи го Мојсо на телевизија се трудев да ги копирам неговите потези и тие ми успеваа. После тоа веќе следниот тренинг мојот прв тренер Ѓоко Апостолов ме гледаше со други очи и одма влегов во првата постава.

Хотел “АМБАСАДОР” Охрид – пријател на спортистите

JAВИ СЕ ЈУЖНА: Koи беа твоите први тренери кои те учеа на тајните на ракометната игра?
На почетокот во пионерска конкуренција со Ѓоко Апостолов кој не учеше на основите сегменти на ракометната игра и истиот ме предложи да тренирам со првиот тим на Охрид на 13 годишна воздраст. Тогаш тренирав истовремено и со пионери и со прв тим каде тренер е Горан Андоновски. И одма почнав да тренирам и со младинската екипа кај Наум Бабачев. Имав по 3 тренинзи во денот од 7 до 11 скоро секој ден. Играв во трите лиги кај тројцата тренери. И сега последнава година на чело на младинската екипа дојде Сашо Ристески. Од сите тренери имам незаборавно искуство и на свој начин секој дава придонес во мојот ракометен напредок и од срце им се заблагодарувам за тоа.

фото: Михаил Постоловски

JAВИ СЕ ЈУЖНА: Годинава ти и уште неколку твои врсници од младинскиот тим на Охрид потпишавте договори со сениорскиот тим на РК Охрид. Ви помогна ли тренингот со постарите колеги и минутите кои ги изигравте во Суперлига да стигнете до финале на младинскиот фајнл-фор?
Ние сме стандардни првотимци. Ја делиме соблекувалната со постарите одамна и од година во година како што растеме и се развиваме добиваме и поголема минутажа во првиот тим. Секако дека тренинзите и натпреварите одиграни во Супер лига имаат големо значење за нашиот напредок но јас мислам дека ова достигнување го постигнавме низ целиот тренажен процес во изминатите години.

фото: Михаил Постоловски

JAВИ СЕ ЈУЖНА: Горд ли си што пред неколку дена успеавте да стигнете до титулата младински вице-првак на Македонија. Титулата ви избега за еден гол во финалето против Металург ?
На хартија гледано титулата младински вице-првак на Македонија мене и не ми значи многу дека ако гледаме реално на работите, а јас секогаш се трудам да гледам реално мислам дека оваа година без многу мака стигнавме до фајнл-фор. Одигравме неколку квалитетни меча, но во групата имаше само 8 екипи. Според мене да си во првите 2 од 8 не е многу тешко, но сепак да си втор во една држава е успех. Лично јас сакам да освојувам титули и да победувам и сметам дека можевме да победиме во финалето против Mеталург и да го освоиме златото и само поради тоа не сум задоволен со второ место.

фото: Михаил Постоловски

JAВИ СЕ ЈУЖНА: Играш на најкреативната позиција во ракометот -организатор на игра. Кој светски ракометар ти е идол?
Па да мислам дека имам дарба да играм на оваа позиција, а и омилена позиција ми е . Средниот бек е лидер на екипата. Сакам да ја водам екипата да ја организирам и уживам правејќи го тоа. Омилен светски играч ми е Сандер Сагосен.
JAВИ СЕ ЈУЖНА: Каде се гледа Мартин Ивановски во иднина на ракометната мапа и порака за љубителите на спортот и читателите на www.javisejuzna.mk ?
Се уште имам договор со Охрид и не размислувам за преминување во друг клуб сега за сега, но секако дека би сакал да играм во некој поголем клуб во странство и да играм на едно повисоко ниво. Сакам да им порачам на сите љубители на спортот да продолжат да го поддржуваат и на сите читатели на www.javisejuzna.mk да ја следат страната и да се информираат за најновите вести од спортот.

ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Кога Столе Стоилов е во налет никој неможе да го сопре

Следна вест

(ГАЛЕРИЈА) Згодните “Чирлидерки” се дополнителна атракција на Ф4 во СЕХА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Лео Созовски: За успех во одреден спорт потребна е напорна работа, се надевам еден ден ќе ги бранам боите на Македонија
ИНТЕРВЈУ

Лео Созовски: За успех во одреден спорт потребна е напорна работа, се надевам еден ден ќе ги бранам боите на Македонија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
07/Ное/2024
Стефан Мечкароски – Кондициски и фитнес тренер на фудбалскиот шампион Струга ТЛ
ИНТЕРВЈУ

Стефан Мечкароски – Кондициски и фитнес тренер на фудбалскиот шампион Струга ТЛ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Окт/2023
Никола Кутаноски: Со максимална работа во минимални услови ние создаваме Шампиони
ИНТЕРВЈУ

Никола Кутаноски: Со максимална работа во минимални услови ние создаваме Шампиони

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Јул/2023
Ана Петроска: Љубовта која ја чувствувам према Струга ja споделувам преку моите фотографии (ГАЛЕРИЈА)
ГАЛЕРИИ

Ана Петроска: Љубовта која ја чувствувам према Струга ja споделувам преку моите фотографии (ГАЛЕРИЈА)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Јун/2023
Следна вест

(ГАЛЕРИЈА) Згодните "Чирлидерки" се дополнителна атракција на Ф4 во СЕХА

Последно

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.