Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ по едномесечна пауза триумфално се врати на теренот и на АТП турнирот во Токио,Јапонија во два сета со 2:0 по сетови (6:3 и 6:2) го совлада својот опонент од Австралија Џон Милман.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ лесно стигна до својата 76. АТП титула по само еден час и десет минути игра. Турнирот беше од серијата 500, а од понеделник овој триумф ќе му донесе нови 500 бодови на АТП листата и ќе ја запоне 272-та недела како најдобар во светот.



