Селекторот Игор Ангеловски за квалификацискиот двомеч против Словенија и Полска го објави списокот на повикани фудбалери, меѓу кој се најде и името на Енис Барди кој настапува за Леванте тимот од Примера.
Барди веќе подолго време не е во ростерот на Леванте поради повреда и од таа причина дополнителен повик во репрезентацијата како негова замена ќе биде Ѓорѓи Стоилов. Лидерот на прволигашката табела Академија Пандев покрај Стоилов го има и Љупче Дориев, кој на последниот прволигашки натпревар двајцата беа стрелци против Силекс.
Фото и извор: ФК Академија Пандев



