Белгискиот репрезентативен стопер и легендарен фудбалер на Манчестер Сити, Винсент Компани вчера со своите колеги ја освоија титулата во ФА купот на Англија и со тоа ја комплетираа сезоната со три шампионски трофеи и тоа во Премиер лига, Карабао лига куп и ФА купот.
,,Граѓаните” со лесни и рутинси 6:0 дојдоа до триумф над Ватфорд и на тој начин на својот капитен Винсент Компани му помогнаа да се опрости од синиот дрес на тимот со шампионски трофеј. Компани го одигра последниот меч за Манчестер Сити, а во својата колекција на трофеи тој заврши со четири шампионски титули во Премиер лига, две титули од ФА куп, четири титули од Лига купот и две титули од Комјунити Шилдс. Единствено не освои европски трофеј.



