Холанскиот претставник Данкан Лоренс со песната „Arcade“, победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, што се одржа во Тел Авив, Израел. Второпласирана е Италија, а третото место го освои претставникот на Русија. Четвртото место го освои Швајцарија, а петтото Норвешка.
Нашата претставничка Тамара Тодевска со песната Proud, се пласираше на осмото место, и го освои највисокиот пласман на земјава досега на Евровизија. Тодевска гласањето на жирито го заврши на второто место со 237 поени, зад Шведска со 239 бодови, а на крајот по гласањето на публиката се пласираше на осмото место. Aвтори на песната „Proud“ која ја испеа Тамара се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Придружни вокали на нашата претставничка беа Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев. Тамара и нејзниот тим не направија горди поради одличниот настап и песна со кој се воодушеви цела Европа!



