Шампионот во НБА, Голден Стејт е само на победа од освојување на титулата во Западната конференција што им е веќе петта година по ред. „Воините“ поведоа со 3:0 во серијата против Портланд Трејлблејзерс откако постигнаа гостинска триумф од 110:99.
Победничкиот табор го предводеше одличниот Стеф Кари со 36 поени, Дрејмонд Грин имаше трипл дабл учинок од 20 поени, 13 скокови и 12 асистенции, а Клеј Томпсон помогна со 19 постигнати поени.
Во тимот на Портланд Си Џеј МекКалум постигна 23 поени. Лидерот на домаќините, Демијан Лилард остана на 19 поени, а со 16 заврши центарот Маерс Леонард. Четвртиот меч е повторно во Портланд, во ноќта меѓу понеделник и вторник.



