Александра Симева напредува во својата тениска кариера и на ИТФ Ј5 ,,Бароко куп 2019″ во Бугарија ја оствари својaта втора ИТФ титула за оваа година. Македонскaта тенисерка во финалето ја совлада Михаела Цонева со 2:1 по сетови (1:6, 7:5 и 6:3).
До патот на финалето на овој квалитетен турнир Александра Симева ги елиминираше, Албајрак од Турција, потоа србинката Сивирдјонкова и домашните бугарски натпреварувачки Александрова и Пеева, за во големото финале по голема борба и пресврт Симева да дојде до заслужниот триумф во сингл.



