Транмер Роверс и Викомб Вондерерс го играа единствениот натпревар од неделниот термин во англиските фудбалски лиги. Станува збор за екипи што се натпреваруваат во Лиг 1 – англиската трета лига. Натпреварот почна доста цврсто, но сета цврстина „пукна” кон крајот на првото полувреме. Најпрво, во 43. минута погоди Акинфенва по асистенција на најдобриот левучар во Лиг 1 – Џејкобсон. Само три минути подоцна, Џејкобсон, од пенал, го запиша својот петти погодок сезонава и на најдобар можен начин го прослави својот роденден. Во второто полувреме Транмер се обидуваше да постигне макар почесен погодок, но на крајот резултатот остана непроменет. Со оваа победа, Викомб се искачи на врвот на табелата.



