Првото натпреварување од овогодинешното Светско првенство во ски скокови во машка конкуренција беше одржано денес на малата скокалница (ГС 106) во Оберстдорф, Германија.
Со титулата ,,светски шампион” за првпат во кариерата се закити Пјотр Жила, кој беше првопласиран и после двете серии.
Среброто остана во Оберстдорф, поради фактот дека домашниот скокач, Карл Гајгер успеа да се пласира на второто место.
На првиот светски медал во кариерата му се радуваше и Словенецот Анже Ланишек, кој денес го комплетираше подиумот.
Поради лошиот скок во првата серија, најголемиот фаворит и водечки во генералниот пласман, Халвор Егнер Гранеруд, остана на четвртата позиција, а петти беше бранителот на титулата – Давид Кубацки.
Пласманот од шестата до десеттата позиција по пополнија Роберт Јохансон, Михаел Хајбок, Бор Павловчич, Даниел Андре Танде и Штефан Крафт.
📸 Kevin Voigt/DeFodi Images via Getty Images



