Дербито на 32. коло од англиската Лиг 1 го сочинуваа екипите на Плимут Аргајл и на Линколн.
Домаќините од југозападна Англија му го нанесоа само вториот пораз во 2021 на водечкиот Линколн, триумфирајќи со 4-3.
Во воведните минути, Келанд Вотс (3′) и Дени Мајор (13′) беа заслужни за водството од 2-0 на Плимут, но до крајот на полувремето, Конор МекГрендлс (22′) намали на 2-1.
Во вториот дел, Линколн доби два пенали во интервал од три минути, кои беа успешно конвертирани од најефикасниот играч Џорџ Грант (59′, 62′) за целосен пресврт од 2-3.
Сепак, Конор Грант (77′) успеа да ја затресе мрежата на Алекс Палмер за 3-3, а победоносниот гол за ,,Аџиите” беше дело на Џоу Едвардс во првата минута од судиското продолжение.
Со новите три поени, Плимут го зазеде десеттото место, додека Линколн му го предаде водството на Питерборо и падна на втората позиција.
📸 Twitter: Plymouth Argyle FC