Работнички ремизираше 1:1 против Силекс на Националната арена „Тодор Проески“ во 20. коло од Првата фудбалска лига. Тимот на Александар Влахо имаше водство со првиот гол на Никола Прелчец во дресот на Работнички, хрватот успеа да погоди во 53.минута, но Силекс стигна до реми со погодокот на Иван Галевски во 80.минута од натпреварот. Во следното 21. коло, Работнички на домашен терен ја пречекува Шкендија.