
На ЗОИ 2022 во Пекинг своето деби го имаше мешаното тимско натпреварување во дисциплината ериалс во фристајл скијање.
Истото заврши во рацете на САД, кои настапија со тројката Ешли Колдвел, Кристофер Лилис и Џастин Шонефелд.
Најзаслужен за првата американска титула во оваа дисциплина беше Лилис, кој во втората финална серија освои неверојатни 135,00 од вкупните 338,34 поени на својата екипа.
Кина (324,22) беше првопласирана после првата серија, но накрај мораше да се задоволи со сребро, поради благата грешка на Џиа Зонгјанг.
Освен Зонгјанг, за ,,сребрената” селекција настапија вицешампионката од Сочи 2014, Чу Менгтао и Ки Гуангпу.
Со 290,98 поени, бронзата на Канада и’ ја донесоа Марион Тено, Миха Фонтен и Луис Ирвинг, додека без медал остана Швајцарија.
Во првата финална серија, своето учество го завршија уште Русија и Белорусија.