Пред само пет дена, Ирене Схутен го освои првиот златен медал на ЗОИ во кариерата, откако постави нов олимписки рекорд на 3000 метри во брзо лизгање.
Денес, Холанѓанката го повтори истиот учинок и замина од трката на 5000 метри со ново злато и со ново најдобро олимписко време во историјата од 6:43,51 минути.
Претходниот рекорд беше поставен од Германката Клаудија Пехштајн на ЗОИ 2002 во Солт Лејк Сити и гласеше 6:46,91 минути.
На денешната втора позиција се пласираше ,,бронзената” од трката на 3000 метри, Канаѓанката Изабел Вајдеман (6:48,18), која се радуваше на вториот медал од ЗОИ во својот живот.
Третото место го зазеде неверојатната Чехиња, Мартина Сабликова (6:50,09), за која, денешниот пиедестал беше четврт на 5000 метри на последните четири изданија на Зимските олимписки игри.
Вицепампионката на три километри, Франческа Лолобриџида (6:51,76) го зазеде четвртито место, а како петта заврши Рагне Виклунд (6:56,34).