Реал Мадрид покажа дека е најдобар кога е најпотребно, откако во мечот од Лигата на шампиони победи на гости против Интер и сега Кралскиот клуб е со големи шанси за да ја помине групната фаза.
По добро завршената работа во Лигата на шампиони, сега следува предизвик во домашното првенство. Утревечер Реал е домаќин на Алавес, а тренерот Зинедин Зидан се соочува со многу проблеми околу составот.
Најтешката работа во фудбалот е да се биде константен. Постојано да се работи, да се подобрува формата и да се биде се подобар“, рече Зидан пред утрешниот натпревар. По девет одиграни меча Реал има 17 бода и е на четвртото место на табелата, со шест поени помалку од лидерот Реал Сосиедад кој има одиграни 10 дуели.