Планираното гостувањe во Париз кај ПСЖ од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите нема да се реализира. За одигрување на истиот меч ќе се бара друг термин и координација со двете екипи. Првично мечот требаше да се игра на крајот на октомври, но тогаш беше откажан.
По враќањето од Келце, Полска каде Вардар 1961 во средата го одигра својот меч од ЕХФ лигата на шампионите, еден наш ракометар се пожали на зголемена телесна температура. Истиот беше тестиран по што беше утврдено дека има позитивен тест.
Веднаш беше тестирана целата експедиција што беше во Полска и позитивни тестови имаа уште неколку членови. Според протоколите сите ќе бидат во изолација како што е пропишано од здравствените власти.
Поради тоа што ракометарите на Европскиот првак Вардар периодов ќе бидат во изолација и нема да имаат тренажен процес, ќе се бара одложување на натпреварот против ПСЖ и ќе се бара нов термин на одигрување.
Извор и фото: RK Vardar 1961