Поп-пејачката Симона Поповска ја промовира својата најнова песна „Ловец и плен“, во модерен афро-хаус стил. Автор на музиката, аранжманот и продукцијата е диџејот и продуцент Ерик Фокс, додека текстот го потпишува Робин Зимбаков.

„Песната зборува за емотивната борба меѓу сила и ранливост – кога си лавица, но и плен. На крајот, сè што сакаш е љубов“, истакна Поповска.

Видео-спотот, снимен на плажа во Грција, го режираше Крсте Шупев. Покрај пејачката, во видеото се појавуваат и моделите Ава и Љубица од агенцијата „Макс моделс“.




