Кружниот напаѓач Филип Талевски останува дел од РК Струга и во наредните сезони. Тој официјално потпиша нов двегодишен договор со клубот, со што продолжува континуитетот во составот на стружани.
Од клубот му упатија поддршка за брзо закрепнување по повредата со порака: „Честитки Филип, брзо опоравување и да ни се вратиш појак!“




