Дејан Манасков и следната сезона ќе биде дел од Еурофарм Пелистер. Македонскиот шампион и искусното лево крило постигнаа договор за продолжување на соработката за сезоната 2025/26.
Манасков има две титули со битолскиот клуб и огромно европско искуство, со настапи во клубови како Металург, Вардар, Рајн-Некар Левен и Веспрем. Со неговото останување, Пелистер го зајакнува ростерот за домашните предизвици и настапите во Лигата на шампионите.




