Во рамките на 11 коло во фер и коректен натпревар се соочија меѓу себе домашната екипа на ЖФК Шкупи и тимот на ЖФК Речица. По сите параметри и досега прикажаното големи фаворити беа гостинските фудбалерки, но скопјанки ги демантираа.
ЖФК Шкупи во ефикасен и отворен натпревар дојде до супер важна победа од 4:2 и покажа дека фаворите лесно можат да загубат во дуел со фудбалерките на Шкупи. Овој триумф за домашните играчи ќе биде само поттик во текот на првенството да дојдат до нови победи и бодови.



