Во рамките на 10 коло од Втора лига Запад, во Охрид во тврд и неизвесен натпревар домаќинот Охрид Лихнидос го зема скалпот на лидерот на табелата тимот на Гостивар со голот на Целески во 81 минута сосема доволно за да се дојде до големи три бода.
Со новите три бода, сега ГФК Охрид Лихнидос бегаат од долниот дел на табелата , додека гостите загубените бодови ќе ги бараат на следните првенствени натпревари.



