Во рамките на 11 коло од Прва ЖФЛ во фер и коректен натпревар тимот на ЖФК Тиверија од Струмица стигна до најубедливата победа во ова коло и тоа на гостувањето против ЖФК Кочани со резултат од 0:17.
Тиверија стигна до лесни 3 бода против младата и неискусна екипа на Кочани. Кај гостинската екипа беа изоставени капитенот Александра Ристовска и заменик капитенот Викторија Панчурова додека за прв пат како стартери почнаа 14 годишните Ива Јосифова и Мери Васева на голманската позиција.
Најзаслужни за овој висок триумф беа Теодора Димоска која постигна дури 8 гола, Теодора Николовска постигна 4 гола, а двојни стрелци беа Билјана Панеска и Сара Велкова, додека еднаш во противничката мрежа успешно стрелаше Радица Велкова.



