Заврши првата полусезона во женскиот прволигашки фудбал во Македонија. Голем дел од екипите одиграа според очекувањата, но дел од клубовите зимската пауза ќе ја искористат за да се прекомбинираат, подобро да се подготват за да ги подобрат резултатите во Прва ЖФЛ.
Тетовскиот прволигаш ЖФК Љуботен заврши во долната половина на табелата и е еден од клубовите што ќе бара подобар пласман во втората натпреварувачка полусезона.
За таа цел клубот назначи спортски директор и тоа Небојша Бреѓан, кој што има големо искуство и знаење, па во својата кариера бил дел од српските клубови: ЖФК Земун, ЖФК Рад, работел во академија Мојсиловиќ, воедно е автор на повеќе трудови во областа на фудбалот – специјалност женски фудбал.
Назначувањети на спортски директор за клубот ќе претставува огромно засилување на спортски план. Во следниот период се очекува ЖФК Љуботен да се екипира и засили на играчки план.
Извор и фото: ЖФК Љуботен – Тетово Официјална Страна



